
Екстремните горештини стануваат сè поголема закана за здравјето, градовите и електроенергетските системи. Додека Европа и Азија се соочуваат со силни топлотни бранови, суши и пожари, експертите предупредуваат дека клима-уредите сами нема да бидат доволни.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Ладењето на домовите и јавните објекти повеќе не е само прашање на удобност. Во услови на рекордни температури, тоа директно се поврзува со јавното здравје и безбедноста на населението.
Екстремните горештини носат сериозни последици
Според податоците наведени во анализата, за време на топлотниот бран во Европа кон крајот на јуни 2026 година биле регистрирани повеќе од 10.000 прекумерни смртни случаи, односно смртност над вообичаеното очекувано ниво.
Европскиот топлотен бран во 2003 година се поврзува со повеќе од 70.000 смртни случаи. За летото во 2022 година, пак, се проценува дека високите температури придонеле за околу 61.672 смртни случаи.
Овие бројки покажуваат дека екстремната топлина не е само непријатност, туку опасност што може да има масовни последици.
Ладењето троши огромно количество електрична енергија
Клима-уредите остануваат најбрзото и најчесто користено решение, но нивната масовна употреба создава дополнителен проблем – драматично зголемена потрошувачка на струја.
Според прегледен труд објавен во списанието „Nature Reviews Clean Technology“, ладењето на зградите веќе троши околу 10 проценти од глобалната електрична енергија.
Меѓународната агенција за енергија проценува дека бројот на клима-уреди во светот може да порасне од околу 1,6 милијарди на 5,6 милијарди до 2050 година.
„Не можеме да се спасиме само со клима-уреди“
Експертите предупредуваат дека целосната зависност од механичко ладење ќе создаде огромен притисок врз електроенергетските системи.
„Од климатските промени не можеме да се извлечеме само со клима-уреди. Ако секоја зграда целосно зависи од механичко ладење, ќе создадеме огромен притисок врз енергетските системи и ќе додадеме уште топлина во градовите“, предупредува професорот Матеос Сантаурис од Универзитетот на Нов Јужен Велс во Сиднеј.
Заедно со Константина Василакопулу од Универзитетот RMIT, тој анализирал начини за намалување на температурите во зградите без голема потрошувачка на енергија.
Зградите може да се ладат и пред да се вклучи климата
Едно од главните решенија е пасивното ладење. Наместо просторот прво да се прегрее, а потоа силно да се разладува, зградата се проектира така што во неа ќе навлегува што е можно помалку топлина.
Таквите мерки вклучуваат надворешни сенки и ролетни, светли покриви и фасади, подобра топлинска изолација и природно ноќно проветрување.
Научниците развиваат и нови материјали што ја одбиваат сончевата енергија и ја испуштаат насобраната топлина кон атмосферата и вселената.
Според анализите, правилно проектираните згради во топлите региони можат да ја намалат потребата од активно ладење и до 80 проценти.
Покриви што ја „испраќаат“ топлината кон вселената
Една од најинтересните технологии е радијациското ладење. Станува збор за материјали кои одбиваат голем дел од сончевата светлина, а истовремено ја ослободуваат топлината преку инфрацрвено зрачење.
Истражување објавено во „Nature“ во 2014 година покажало дека ваков материјал може да одбие околу 97 проценти од сончевото зрачење и на директна сончева светлина да остане речиси пет Целзиусови степени поладен од околниот воздух.
Други истражувачки тимови развиваат премази за покриви што одбиваат до 99 проценти од сончевата енергија и ја намалуваат температурата на површините за неколку степени.
Клима-уредите ја исфрлаат топлината назад во градот
Клима-уредите се неопходни во опасно топли услови, но тие ја извлекуваат топлината од внатрешноста и ја исфрлаат надвор.
Во густо изградените градски средини, отпадната топлина од голем број уреди може дополнително да ја зголеми температурата на воздухот за еден до два Целзиусови степени.
Проблемот станува уште посериозен бидејќи токму за време на најголемите горештини може да се појават тешкотии со производството на електрична енергија поради суши и ниски водостои.
Иднината е во попаметни згради
Научниците не предлагаат целосно напуштање на климатизацијата. Наместо тоа, тие бараат таа да биде последниот, а не првиот чекор во разладувањето.
Најпрво треба да се спречи прекумерното загревање, потоа да се искористат сенката, изолацијата и природната вентилација, а клима-уредите да се вклучуваат само кога навистина се неопходни.
Во свет со сè повисоки температури, решението нема да бидат само посилни клима-уреди. Клучот ќе биде во попаметни згради што трошат помалку енергија и подолго ја задржуваат пријатната температура.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден








