во , ,

Костадинов се повлекува: Нема да се кандидирам како независен, не сакам да бидам алиби за поразот на СДСМ

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави дека нема да се кандидира како независен кандидат.

Оваа негова одлука доаѓа откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави дела партијата ќе застане зад кандидатурата на Марјан Даскаловски. Костадинов во својата објава на социјалните мрежи пишува дека нема намера да биде алиби за поразот на СДСМ во Струмица.

„Раководството на СДСМ падна на првиот тест“

„Некогаш, за да си ги видиш луѓето околу себе, не треба повеќе од една реченица,“ пишува тој. „Кога споменав можност за независна кандидатура, мислев дека ќе им требаат две недели. Но, на најголемите глумци им требаа помалку од 24 часа да го покажат своето вистинско лице.“

Реклама

Тој го обвини раководството на СДСМ дека го игнорирало. И тоа, и покрај неговото убедливо водство на сите анкети. „Во обид да го убијат разумот, почнаа да пуштаат анкети на Facebook. Затоа што веќе не веруваат ни во анкетите што самите ги платиле. Епа, жално,“ напиша тој. „Со такво раководство, многу е и една општина да се победи.“

Нова визија по изборите, дотогаш останува со замрзнат статус

„Не, јас не одам како кандидат. Јас се повлекувам во тишина, за да создадам нова визија за СДСМ,“ порача тој. „Не сум политички наивен. Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз.“

Тој најави дека неговата стратегија ќе биде објавена во два дела. Првиот дел ќе биде во септември. Вториот, по завршувањето на локалните избори. „До тогаш, правете си анкети по Фејсбук групи. Јас ќе останам член со замрзнат статус – додека не ги видам резултатите,“ додаде тој. „На првиот тест – паднавте. Во октомври – играјте повнимателно. Народот не е повеќе глупав.“

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Познатиот јутјубер за данокот за самци: Ова не е промоција на семејни вредности, туку само притисок врз младите