
Вртоглав скок на трошоците поради војната во Иран
Бродот „Одисеја“, кој исплови пред две години на планирано тригодишно патување низ седум континенти, моментално е закотвен во Камбоџа. Компанијата „Villa Vie Residences“ со седиште во Флорида информираше дека месечните трошоци за гориво по кабина доживеале драстичен скок – од просечни 1.800 долари на сума меѓу 6.000 и 8.000 долари во одредени делови од Азија, како директна последица од војната во Иран.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Иако компанијата се обидела да ја намали потрошувачката преку намалување на брзината на пловидба и подолги задржувања во пристаништата, овие мерки не биле доволни за да се амортизира ненадејниот финансиски удар.
Заглавени во Камбоџа: Неизвесна судбина за екипажот
Управата на пристаништето Сихануквил во Камбоџа објави дека бродот се закотвил на 23 октомври и првично требало да остане пет дена пред да исплови кон Виетнам, но сè уште не е поместен. На крузерот, чиј вкупен капацитет е 650 лица, се наоѓале 203 патници од 15 земји (главно американски државјани) и 156 членови на екипажот.
Од патниците е побарано веднаш да го напуштат бродот, додека статусот на екипажот останува непознат. Патувањето на „Одисеја“ требаше да трае до ноември 2027 година, а компанијата планираше воведување и на втор ваков крузер во 2029 година – план кој сега е целосно неизвесен.
„Веќе не можевме да ги покриваме оперативните загуби што се натрупуваа. Не е реално целиот трошок да се префрли врз станарите. Сега наш приоритет е да обезбедиме поддршка за станарите, екипажот и вработените“, се наведува во соопштението на компанијата за прекинот на патувањето.


