
Крај за евтиното онлајн купување: Државата воведува 18% ДДВ на сите пратки од ‘Тему’ и ‘Али Експрес’, дури и за оние под 22 евра
Собранието ги изгласа измените на Законот за данок на додадена вредност, со кои се става крај на ерата на евтини нарачки на ситници од интернет без давачки. Според новите правила, кои треба да стапат на сила осум дена по објавувањето во „Службен весник“, се укинува даночното ослободување за мали пратки од странство со вредност до 22 евра. Ова значи дека за секоја шноличка, маска за телефон или евтин накит нарачан од платформи како „Тему“ (Temu) и „Али Експрес“ (AliExpress), граѓаните отсега ќе мора да плаќаат дополнителни 18% ДДВ.
Зошто поскапува ‘Тему’?
Главната цел на оваа мерка, според Министерството за финансии, е заштита на домашната економија и спречување на нелојалната конкуренција. Во последните месеци, Македонија беше преплавена со евтини пратки – околу 10.000 дневно – што создаде огромен одлив на средства кон странство. Дополнителен проблем беше и „сивата економија“, каде што поединци нарачуваа големи количини евтини производи без данок и потоа ги препродаваа на домашниот пазар. Со воведувањето на данокот, државата очекува во буџетот да се слеваат околу 4 милиони денари месечно, пари кои досега завршуваа надвор.
Што велат потрошувачите?
Од Организацијата за заштита на потрошувачите (ОПМ) предупредуваат дека оваа промена ќе предизвика почетен шок и намалување на бројот на нарачки. Татјана Тасевска од ОПМ појаснува дека иако цените ќе пораснат за 18%, нарачките од Кина сè уште може да останат поевтини од домашните продавници. Сепак, се очекуваат проблеми во почетниот период поради недоволната информираност на граѓаните, можните доцнења при испораката и новите административни процедури. Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, појасни дека ослободување од данок ќе има само за некомерцијални пратки испратени од физичко лице на физичко лице, но не и за оние купени од онлајн продавници.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







