во , ,

Македонецот Никола Станишиќ е победник на „Ѕвездите на Гранд“, победата ја посвети на жртвите од Кочани

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Тој ја освои титулата со најмногу гласови од публиката. За него гласале дури 138.714 гледачи од целиот регион. Големото финале започна во саботата вечер и траеше до раните утрински часови, а неизвесноста траеше до самиот крај.

Реклама

Во текот на финалната вечер, тој ја изведе и познатата песна „Ако утре ме нема“ од македонската група ДНК. Својата емотивна изведба тој им ја посвети на жртвите од трагедијата во Кочани. Овој негов гест предизвика силни емоции и аплауз кај публиката.

Никола Станишиќ е роден во 2000 година и живее во Скопје. Тој веќе активно настапува со свој бенд, и во Македонија и надвор од неа. Во текот на целото натпреварување, тој го привлече вниманието на јавноста. Тоа го направи со своите одлични интерпретации, особено на македонските песни.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Скандалозен избор во правосудството: 11-то рангираната судијка е избрана за шефица на Кривичниот суд, со што е прекршен законот

Клучни преговори за мир во Доха: Почнува нова, можеби последна рунда преговори меѓу Израел и Хамас