во

Македонија како главен адут во Софија: Јотова и Ѓуров ги вкрстија копјата во претседателската дебата

Македонија повторно се најде во центарот на бугарската претседателска кампања, откако во единственото телевизиско соочување пред вториот круг, Илијана Јотова и Андреј Ѓуров разменија остри обвинувања за тоа кој подобро ја заштитил бугарската позиција.

Обвинувања за договорот и „францускиот предлог“

Во дебатата емитувана на Бугарската национална телевизија (БНТ), актуелната претседателка Илијана Јотова децидно порача дека Софија нема причина да ја менува својата стратегија кон Македонија. Според неа, од потпишувањето на билатералниот договор до денес нема суштински напредок, посочувајќи го како пример случајот со Христијан Пендиков. Таа обвини дека Скопје се обидува да остави настрана дел од договорените протоколи и дека за време на мандатот на поранешниот премиер Кирил Петков постоел сериозен ризик од отстапување од националната позиција.

Супер Попуст -25%

Нејзиниот противкандидат, Андреј Ѓуров, возврати со силна одбрана на „францускиот предлог“. Тој оцени дека токму со овој документ Бугарија успеала да обезбеди поголема поддршка за своите позиции во рамките на Европската Унија. Ѓуров ја критикуваше претседателската институција за нејзиниот првичен отпор кон предлогот, нагласувајќи дека решението кое тогаш било оспорувано денес претставува главен темел на бугарската политика кон Македонија.

 

Без промена на политиката кон Скопје

И покрај острите меѓусебни обвинувања за заслугите околу преговарачката рамка, дебатата јасно покажа дека нема суштинско разидување околу условите што Бугарија ги поставува за европскиот пат на Македонија. И двајцата кандидати инсистираат на доследно спроведување на договорените услови и уставните измени како клучен предуслов.

Покрај македонското прашање, кандидатите се судрија и околу војната во Украина – каде Јотова се заложи за дипломатско решение со учество на Русија, додека Ѓуров инсистираше на прекин на руската агресија – како и за спорниот договор со турската компанија „Боташ“ и економската состојба во земјата.

„Без оглед на тоа кој ќе победи на 1 ноември, исходот од претседателските избори сам по себе не најавува олеснување на процесот на европска интеграција за Македонија“, се заклучува од изнесените ставови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 дена протести во Тирана: Студентите не отстапуваат, бараат оставка од Еди Рама

СДСМ прашува: Ако за Ива Михаилова е непристојно, ќе испрати ли Муцунски остра порака и до Будимпешта за Груевски?