
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина, напиша Зеленски на Фејсбук.
Тој информираше дека жртви има и во регионите Харков, Киев и Полтава, а биле нападнати и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
Повеќе од само напад – Зеленски бара посилни санкции
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата, истакна Зеленски.
Тој повика на посилен притисок врз Русија преку санкции, за да ѝ се оневозможи да ја финансира војната. „Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен“, нагласи Зеленски.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







