во

Министерот Клековски во посета на најголемата клиника за неонатологија во Бугарија: Фокус на подобрена грижа за новороденчињата

Министерот за здравство, Сашо Клековски, оствари работна посета на Универзитетскиот акушерско-гинеколошки болнички комплекс „Мајчин дом“ во Софија, каде се запозна со современите практики од областа на мајчиното и детското здравје.

Фокус на неонатален скрининг и рано откривање

За време на посетата, Клековски оствари средби со медицинските тимови при што беа разменети драгоцени искуства и беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка. Како што информираат од Министерството за здравство, посебен акцент на разговорите бил ставен врз неонаталниот скрининг и раното откривање на различни здравствени состојби кај новороденчињата.

Најсовремена опрема и генетски испитувања

Супер Попуст -25%

Болничкиот комплекс „Мајчин дом“ претставува најголемата клиника по неонатологија во соседна Бугарија. Установата располага со високоопремен оддел за интензивна нега, а во нејзините рамки функционира и Националната генетска лабораторија која спроведува детален скрининг на новороденчиња, вклучувајќи сложени метаболички и генетски испитувања.

„Размената на знаења и добри практики е пат до подобра грижа за мајките и новороденчињата и до поквалитетно и подостапно здравство за сите граѓани“, истакна министерот Клековски по посетата на софиската клиника.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мицкоски најави: Започнува набавката на 100 нови амбулантни возила за македонското здравство

Хорор во Кенија: Пасторот Мекензи обвинет за убиство, телата на стотици изгладнети деца пронајдени во шумата Шакахола