во ,

Мирис кој го собира семејството: Традиционален рецепт за полнети пиперки од рерна!

Старински рецепт за полнети пиперки од рерна: Мирис на детството кој го собира семејството на маса

Полнетите пиперки се едно од оние јадења кои никогаш не излегуваат од мода, без оглед на тоа колку нови рецепти и трендови пристигнуваат во нашите кујни. Доволно е од рерната да се прошири нивниот препознатлив мирис за многумина да се сетат на неделните ручеци и моментите кога целото семејство се собирало околу трпезата. За разлика од класичните полнети пиперки кои се варат во тенџере, оваа верзија од рерна има посебен шмек. Пиперките остануваат сочни, филот е богат со вкусови, а сосот од домати за време на печењето создава совршена арома на која е тешко да ѝ се одолее.

Потребни состојки

  • 8-10 пиперки (бабури)
  • 400 г мелено месо
  • 1 главица кромид (или помал праз)
  • 2-4 чешниња лук
  • 1 поголем свеж домат
  • 70 г измиен ориз
  • 1 јајце
  • 1 лажичка мелена црвена пиперка
  • 1 рендан морков
  • Сол и бибер по вкус
  • Малку масло
Супер Попуст -25%

За преливот:

  • 200 мл пасиран (варен) домат
  • 200 мл вода
  • 1 лажица пченкарен скроб (нишесте)

Начин на подготовка

На малку масло пропржете ги ситно исечканиот кромид и ренданиот морков додека не омекнат. Додадете го ситно исечканиот лук и кратко пропржете за да пушти арома. Во смесата потоа додадете ги кратко сварениот ориз и мелената црвена пиперка. Посолете и побиберете по вкус, па сè добро измешајте за состојките да се соединат.

Кога масата малку ќе се излади, додадете го јајцето. Добиената смеса измешајте ја со меленото месо и добро замесете со раце за филот да биде изедначен. Измијте ги пиперките, исчистете ги од семките и внимателно наполнете ги со подготвениот фил. Секоја пиперка затворете ја со тркалце свеж домат – овој мал трик дава дополнителна сочност и побогат вкус за време на печењето.

Тајната на сочниот сос

Наредете ги пиперките исправено во претходно подмачкан плех или тавче за печење. Во посебен сад измешајте ги пасираниот домат, водата и пченкарниот скроб, внимавајќи да не останат грутки. Прелијте го сосот преку пиперките; за време на печењето тој ќе се згусне и целосно ќе го збогати јадењето.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу еден час, односно додека пиперките не омекнат, а филот не биде целосно испечен. Послужете ги топли во комбинација со домашен леб, пире од компири или сезонска салата и уживајте во вистинскиот домашен вкус!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хороскоп за 7-ми јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите за денес?

Медицина vs. Суеверие: Вистинската причина зошто ви трепери левото око!