во ,

Мириса на дома: Погачици со сирење и сланина што се топат во уста (РЕЦЕПТ)

(РЕЦЕПТ) ЗА СНЕЖНА САБОТА: Погачици со сирење и сланина кои „мирисаат на детство“

Ако се прашувате што да правите додека надвор времето заладува и почнува да вее снег – вклучете ја рерната. Ви пренесуваме рецепт за домашни погачици кои се меки како душа внатре, а крцкави однадвор. Тајната е во комбинацијата на свежо сирење и ситно сецкана сланина.

Состојки:

  • 300 гр меко брашно
  • 250 гр маргарин (ладен)
  • 330 гр свежо сирење (или урда)
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сол
  • 1 прашок за печиво
  • 100 гр сланина (ситно исецкана)
  • За премачкување: 1 жолчка и сусам

Подготовка во 3 чекори:

Супер Попуст -25%

1. Замесување:
Во длабок сад изматете ги сирењето, јајцето, солта и маргаринот додека не се соединат. Додајте го брашното измешано со прашокот за печиво и на крај вмешајте ја сланината. Тестото завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер најмалку 2 часа.

2. Преклопување (Тајната на лиснатото тесто):
Развлечете го тестото на дебелина од половина сантиметар. Преклопете ги левата и десната страна кон средината, па горната и долната (како плико). Вратете го во фрижидер уште 30 минути. Ова ќе ги направи погачиците лиснати.

3. Печење:
Развлечете го тестото повторно (околу 1 см дебелина) и вадете форми со чаша. Редете ги на хартија за печење, премачкајте со жолчка и наросете сусам.
Печете на 180 степени додека не добијат совршена златно-кафеава боја.

Послужете ги топли со јогурт или кисело млеко. Исчезнуваат од масата побрзо отколку што се печат!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мистерија во орбитата: НАСА ја прекина мисијата, астронаутите се враќаат итно поради болест

Хорор на теренот: Маскирани во полицајци убија тројца среде фудбалски натпревар