во ,

Мислеше дека е уморна од работа, лекарите ѝ пронајдоле 11 тумори на мозокот

Лиза Гилис (53) од Солзбери, мајка и поранешна чистачка која работела по 60 часа неделно, мислела дека заморот и болките ѝ се само последица од напорната работа.

Но, во декември 2023 година, по деталните прегледи, таа ја дознала шокантната дијагноза: рак на белите дробови во четврти стадиум, кој поради ретка генетска мутација веќе метастазирал на мозокот со 11 тумори. Нејзината приказна за борбата, отпорноста и неверојатната желба за живот е инспирација за сите.

За сите храбри борци

„Се сеќавам дека врескав по името на ќерка ми и останав во кревет два дена“, се присетува Лиза. „Но, потоа одлучив да се соземам. Морав да продолжам да живеам“.

Борба со невидливите симптоми

Лиза долго време ги игнорирала сигналите што ѝ ги испраќало телото. Проблемите со синусите, болката во ребрата и вртоглавиците лекарите ги препишувале на прекумерната работа. „Мислеа дека е од работата, или дури од градникот што ја иритира кожата. Две години постојано ми правеа анализи само за ниско железо – тоа траеше две години и ништо друго не се случуваше“, вели Лиза. Тек кога симптомите станале секојдневни, ја испратиле на КТ и ПЕТ скен, кои ја откриле ужасната вистина.

Силна и одлучна

Таа веднаш започнала со орална терапија, која успешно го намалила главниот тумор во белите дробови и ги елиминирала метастазите на мозокот. Неверојатно е што таа продолжила да работи уште шест месеци по дијагнозата. „Бев здрава и продолжив да работам. Животот е краток и мораш да уживаш во него. Ова искуство те тера да го преиспиташ секој момент“, вели таа.

Сега, таа и нејзината 30-годишна ќерка Тејлор собираат средства за приватен третман кој би вклучувал делумна ресекција на белите дробови, со цел да си го продолжи животот. „Ако го отстранат главниот тумор, можат да проверат дали постојат други мутации. Веруваат дека тоа може да го продолжи животот“, објаснува Лиза.

Инспирација за сите нас

Приказната на Лиза Гилис е повеќе од само борба со тешка болест – таа е приказна за силата, отпорноста и љубовта кон животот. И покрај стравот, болката и неизвесноста, Лиза покажува како и во најмрачните моменти може да се пронајде светлина. Нејзината порака е јасна: животот е краток и мора да се живее со полни гради, без разлика на пречките.

„Луѓето постојано велат ‘жал ми е’, но јас тука не можам ништо да променам. Морам да уживам во животот, јас сум прилично силна и отпорна“, вели Лиза. И токму таа сила ја прави нејзината приказна толку инспиративна.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Има 101 година, оди на работа секој ден и вели „да одам во пензија, би умрела“

Дневен хороскоп: Лавот е на ивици на нервите, Рибите (според насловот) тонат во обврски