во ,

Мистерија во орбитата: НАСА ја прекина мисијата, астронаутите се враќаат итно поради болест

ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: НАСА итно ги враќа астронаутите од Вселенската станица поради „медицински инцидент“

Драма во орбитата. НАСА донесе одлука предвреме да ја врати на Земјата четиричлената екипа „Crew-11“ од Меѓународната вселенска станица (МВС). Причината е здравствен проблем кај еден од членовите на екипажот, што е преседан во 25-годишното постоење на станицата.

Мистериозна болест во вселената

Супер Попуст -25%

Агенцијата одби да го открие идентитетот на заболениот астронаут, ниту пак природата на проблемот, повикувајќи се на медицинска приватност.

Сепак, официјалните лица смируваат:

  • Состојбата на астронаутот е стабилна.
  • Ова не е „итна евакуација“, туку мерка на претпазливост.

Администраторот на НАСА, Џеред Ајзакман, изјави: „По консултациите со медицинскиот тим, одлучив дека е во најдобар интерес на нашите астронаути да се вратат пред планираниот рок.“

Враќање во среда

Доколку временските услови дозволат, капсулата ќе се одвои од МВС следната среда (14 јануари) и ќе слета во Тихиот Океан, близу Калифорнија.

Дома се враќаат:

  • Зена Кардман и Мајк Финке (САД/НАСА)
  • Кимија Јуи (Јапонија)
  • Олег Платонов (Русија/Роскосмос)

Тие пристигнаа во вселената во август и требаше да останат до крајот на февруари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денвер без Јокиќ е лесен плен: Атланта ги прегази „Златните грутки“ во сред Колорадо

Мириса на дома: Погачици со сирење и сланина што се топат во уста (РЕЦЕПТ)