„Седум години… изгубени. Не беа само бројки, беа години во кои згаснуваа соништа.“
Ова е дел од пораката што премиерот Христијан Мицкоски ја објави на Фејсбук. Тој се обрати по повод првата година од преземањето на власта, нагласувајќи дека ниту еден момент не заборавил каква одговорност има кон граѓаните.
„Не почнуваш од нула, туку од минус“
Според него, тоа биле години во кои некој си играл со државата како со туѓа работа, злоупотребувајќи ја довербата на народот. „Секој почеток е тежок, а секој нов почеток е уште потежок, зашто не почнуваш од нула, туку од минус,“ истакна тој.
Тој додаде дека неговата влада морала одново да ги поставува столбовите и да ги зајакнува носечките структури кои со години биле дотраени, кршени и рушени. Оваа прва година, според него, била најважната, бидејќи во неа не зборувале, туку работеле и ги влечеле првите, болни, но неопходни чекори.
„Најдоброто допрва ќе се случи“
„Темелите што ги поставивме стануваат основа на иднината која заеднички ја градиме, а најдоброто допрва ќе се случи,“ порача Мицкоски. Тој вети земја на просперитет, ред, развој, почит, човечност и вредности, земја со која сите ќе се гордеат.
„Ова е твојата земја. Ова е твоето време. Времето на Македонија допрва доаѓа. Ги градиме темелите на промените!“ заклучи премиерот во своето видео обраќање до граѓаните.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден