во , ,

Мицкоски шокира: Размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети

Владата размислува за воведување дополнителни даноци за немажени и неженети лица.

Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање. Тој зборуваше на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“ денеска во Скопје. Сепак, тој не образложи како би функционирала оваа мерка.

Алармантна демографска состојба

„Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме – е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети“, рече Мицкоски. Тој зборуваше за демографската рецесија, за која рече дека е аларм.

Реклама

„Овој проблем од претходните влади се ставаше под тепих. Фактите се јасни: Во 2024 година, имаме природен пад од 4.140 луѓе. Во последните 4 години, изгубивме повеќе од 33.000 жители. Тоа е како да исчезнал еден град со големина на Кавадарци,“ рече тој.

„Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири. Време е за држава – каде што ќе се раѓаат повеќе деца. Тоа ни е главниот императив,“ порача Мицкоски.

Како би функционирал „данокот за самци“?

Според Законот за семејство, вонбрачната заедница која траела најмалку една година е изедначена со брачната. Ова се однесува на правото на меѓусебно издржување и на имотот стекнат во таа заедница.

Ова го комплицира прашањето кој точно би плаќал ваков данок. Во развиените земји неофицијално постои таканаречен „данок за самци“. Но, ова не е официјален данок. Тоа едноставно се однесува на повисоките трошоци со кои се соочуваат самците во споредба со паровите или семејствата.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Џеј Ло „фатена“ како флертува со згоден маж, фановите коментираат: „Поубав е од Бен“

Дали Орце Ѓорѓиевски ќе биде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на главниот град?