во ,

Мицкоски ќе постави камен-темелник за автопатот Тетово – Гостивар

Утре, сабота (03.05.2025), во 12:00 часот, премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на свеченото поставување на камен-темелник за изградба на автопатот Тетово – Гостивар.

Купи Маица

Проектот опфаќа изградба на нов автопат во должина од 18 километри и вклучува вкупно 9 натпатници, од кои:

  • 8 натпатници ќе овозможат поврзување на локалните патишта со новопроектираниот паралелен пат,
  • 1 натпатник е планиран за новата клучка која ќе ги поврзува општините Боговиње и Врапчиште.

Во делот кај излезот од Тетово ќе се користи постоечкиот натпатник кој ќе биде реконструиран.

Вкупната вредност на проектот се проценува на 90 милиони евра. Овој инфраструктурен проект е дел од поширокиот план за подобрување на патната мрежа и регионална поврзаност во земјата.

Премиерот Мицкоски е најавено дека ќе има свое обраќање на настанот, на кој се очекуваат и претставници од Министерството за транспорт и врски, како и локалните власти.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хаос во Дојран: Малолетници бегале од полиција на концерт со алкохол

РОДИТЕЛИ, ВНИМАНИЕ!!! Потресната желба на едно дете: „САКАМ ДА БИДАМ СМАРТФОН!“