во ,

Му ветил дека ќе му го извади синот од притвор: Татко измамен за речиси 8.000 евра

„Ќе ти го извадам синот од затвор“: Лажен судски службеник од Бојане „олеснил“ загрижен татко за 7.750 евра

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 41-годишниот Н.З. од скопското село Бојане, поради сомнение дека извршил тешка измама. Осомничениот, искористувајќи ја маката на едно семејство, успеал да извлече значителна сума на пари претставувајќи се лажно како вработен во суд кој има моќ да влијае врз судските одлуки.

Ветување за слобода кое чинеше цело богатство

Според полицискиот извештај, настанот се случил во текот на мај 2025 година. Пријавениот Н.З. стапил во контакт со оштетеното лице и со лажно прикажување на факти го довел во заблуда. Тој тврдел дека како „судски службеник“ има врски и можности да помогне синот на жртвата да биде ослободен од мерката притвор. За да ја направи измамата поуверлива, тие дури и изготвиле жалба кај адвокат, со што измамникот создал лажен впечаток дека се преземаат реални правни дејствија.

Парите земени, ветувањето погазено

Верувајќи му на „службеникот“, таткото во три наврати му исплатил вкупна сума од 7.750 евра. Меѓутоа, откако парите биле предадени, ветеното ослободување од притвор никогаш се случило. Сфаќајќи дека е жртва на манипулација, оштетениот го пријавил случајот во полиција. Сега, против Н.З. ќе се води постапка за кривично дело „измама“, додека истрагата треба да утврди дали ова му бил единствен ваков случај или имало и други жртви на истата шема.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

‘За нив спортот е играње фудбал во канцеларија’: Малиша Станковиќ со жестока критика до Битиќи

Тешка несреќа кај Маврово: „Мерцедес“ со германски таблички се преврте на сред пат