
На 37 години дознал дека сестра му му е мајка, а таа не знаела кој му е татко!
Холивудскиот актер Џек Николсон (88) се смета за еден од најголемите актери на сите времиња, но добар дел од својот живот го поминал во голема лага. Тој верувал дека Џун, која била 17 години постара од него, му е сестра, иако таа всушност му била биолошка мајка.
Џун, која била танчерка, имала само 17 години кога го родила Џек и не била сигурна кој е таткото. (Таа била кратко мажена за шоуменот Доналд Ферчил, кој веќе бил оженет, но се сомнева дека таткото бил нејзиниот менаџер). За да го избегнат срамот, нејзините родители – бабата и дедото на Џек – одлучиле да го одгледаат како свое биолошко дете. Џек пораснал верувајќи дека неговата мајка (Џун) и тетка му (Лорејн) му се сестри.
Тајната ја открил новинар на 37 години

Сè се променило кога актерот наполнил 37 години. Списанието „Тајм“ сакало да направи голема приказна за него, па новинарите почнале да го истражуваат неговото минато и така ја откриле вистината. Тие му ја соопштиле веста на актерот.
„Накратко, тоа е најбизарното нешто што сум го слушнал. Некој човек ми се јавува на телефон и ми кажува дека мајка ми всушност не е моја мајка, туку дека сестра ми е моја мајка“, изјавил актерот откако целиот свет дознал за бизарната ситуација.
Иронија: И самиот има непризнаена ќерка
Иако и самиот бил жртва на семејни тајни, Николсон има своја непризнаена наследничка – ќерката Теса Гурин. Иако актерот редовно ѝ испраќал пари сите овие години, тој никогаш не сакал да ја види или да се сретне со неа.
Теса, која исто така се занимава со глума, не крие дека ова ѝ било тешко и дека се чувствува како „колатерална штета“.
„Ме одгледа самохрана мајка во вистински хаотични околности“, изјавила Гурин. „Мајка ми сакаше да бидам во контакт со него, но тој рече дека не е заинтересиран. Тој е комплицирана личност… а јас бев само колатерална штета.“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







