ДЕН НА ВЕЧНА СЛАВА И НЕЗАБОРАВНА ТАГА! Пред точно 36 години, на денешен ден, 10 мај 1989 година, македонското знаме за првпат гордо се развеа на НАЈВИСОКИОТ ВРВ НА ПЛАНЕТАТА!
Алпинистичкиот херој Димитар Илиевски-Мурато го ОСВОИ Монт Еверест, испишувајќи златна страница во македонската спортска ИСТОРИЈА!
Но, овој триумфален подвиг ја имаше и својата најсурова, трагична цена – истиот ден, при симнувањето од „покривот на светот“, планината засекогаш го зеде својот 35-годишен освојувач. Да се потсетиме на ЧОВЕКОТ кој го допре небото за Македонија и остави аманет за вечност!
На денешен ден, 10 мај, се одбележуваат 36 години од историскиот момент кога Димитар Илиевски-Мурато, како прв Македонец, успеа да стапне на импозантниот врв на Монт Еверест, чија висина изнесува 8848,86 метри.
Овој неверојатен успех беше круна на неговата алпинистичка кариера и остварување на сонот на многу генерации македонски планинари.
За жал, огромната радост и национална гордост беа прекинати од трагична вест. Истиот ден, откако го постигна својот животен и историски успех, Димитар Илиевски-Мурато го загуби животот при симнувањето од врвот.
Тој имаше само 35 години кога неговото име стана синоним за врвна човечка храброст, но и за големата жртва што понекогаш ја бараат највисоките светски врвови. Неговиот подвиг и неговото име остануваат вечно врежани во колективната меморија на македонскиот народ.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден