
Американскиот астрофизичар Ерик Дејвис, кој со години е поврзан со истражувања на НЛО и UAP феномени, излезе со тврдење кое повторно ја разгоре дебатата за можни тајни американски програми.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Дејвис тврди дека американските власти располагаат со останки од најмалку четири различни видови вонземјански суштества. Тој вели дека лично видел записи и докази, но дека не може јавно да ги открие деталите без соодветна правна заштита.
„Постојат најмалку четири вида за кои знаеме. Ги видов доказите, ги видов записите“, изјави Дејвис во телевизиско интервју.
Тврди дека телата биле пронајдени по падови на НЛО
Според неговите наводи, останките биле пронајдени по падови на неидентификувани летала. Дејвис наведува четири категории кои со децении се дел од приказните и теориите поврзани со НЛО.
Тој ги споменува таканаречените „Сиви“, „Нордијци“, „Инсектоиди“ и „Рептили“. „Сивите“ ги опишува како тенки хуманоидни суштества со сивкаста кожа, додека „Нордијците“ наводно имале почовечки изглед и биле високи.
„Инсектоидите“, според неговиот опис, наликувале на богомолки, додека последната група ја опишува како суштества со карактеристики слични на влекачи.
Не знае каде наводно се чуваат останките
Дејвис признава дека денес не може со сигурност да каже каде се наоѓаат наводните тела. Тврди дека пред повеќе од една деценија, додека работел на проекти поврзани со американската одбранбена разузнавачка заедница, постоела информација за местото каде што биле чувани.
Според неговата верзија, подоцна материјалот бил распореден на повеќе локации и преместен во различни воени медицински установи.
Тој исто така тврди дека фотографиите и документите што ги видел и натаму се строго доверливи, поради што не може да ги објави без ризик од правни последици.
Бара заштита од Трамп за да проговори
Дејвис го повика американскиот претседател Доналд Трамп да му овозможи правна заштита и да ги отстрани ограничувањата што, според него, го спречуваат јавно да ги открие информациите со кои располага.
Тој сака да може да зборува без опасност од кривично гонење поради откривање доверливи информации.
Сепак, неговите тврдења остануваат непотврдени со јавно достапен физички доказ. Американските институции досега немаат објавено доказ што би потврдил дека САД поседуваат тела на вонземјани или дека вонземјански суштества ја посетиле Земјата.

Слични приказни се појавувале и претходно
Дејвис и порано зборувал за наводно урнати летала од не-човечко потекло. Слични тврдења изнесувале и други личности поврзани со американските истражувања на НЛО.
Меѓу нив е и поранешниот научник поврзан со американските разузнавачки структури Хал Путов, кој јавно зборувал за наводно пронајдени летала.
Дејвис, сепак, вели дека никогаш не видел информации што би укажувале дека американската војска заробила живо вонземјанско суштество.


