
Истрагата за корупција во државната нуклеарна компанија „Енергоатом“ се претвора во еден од најголемите политички скандали во историјата на Украина.
Наводниот организатор е Тимур Миндич, близок соработник на претседателот Володимир Зеленски и косопственик на претседателската продукциска куќа „Квартал 95“. Според извештаите, Миндич бил предупреден и ја напуштил земјата пред да биде подигната обвинителница.
Во меѓувреме, под лупа се најдоа и други моќни личности. Според Националното биро за борба против корупција (НАБУ), меѓу инволвираните се и поранешниот вицепремиер Олексиј Чернишов, утринава сменетиот министер за правда Герман Галушченко (кој претходно беше министер за енергетика) и Рустем Умеров, поранешен министер за одбрана, а сегашен секретар на Советот за национална безбедност.
„Професор“, „Ракета“ и „Че Гевара“ вмешани во аферата
Во вторник, НАБУ подигна обвиненија против осум лица за примање мито и злоупотреба на положбата. Објавени се и снимки на кои групата, користејќи шифри, разговарала за провизии.
На снимките, Миндич го користи псевдонимот „Карлсон“. Друг обвинет е Ихор Мироњук („Ракета“), поранешен советник на министерот за енергетика. Според снимките, учесниците наводно му дале 1,2 милиони долари и 100.000 евра на поранешниот вицепремиер Чернишов, познат како „Че Гевара“.
Од осумтемина обвинети, Миндич и уште еден бизнисмен („Sugarman“) се во бегство, додека петмина се приведени. Специјалниот обвинител изјавил дека Миндич незаконски влијаел врз Галушченко („Професор“) и Умеров. Умеров ги негираше обвинувањата.
Како функционирала шемата?
Мироњук и Басов („Тенор“) наводно земале провизии од 10-15% од договорните партнери на „Енергоатом“ за да ги задржат како добавувачи. Учесниците во шемата вршеле притисок врз добавувачите, заканувајќи им се дека ќе ги уништат и дека „сите нивни вработени ќе бидат мобилизирани во војска“.
На снимките, учесниците исто така се противат на изградбата на заштитни инсталации за енергетските објекти од руски напади, велејќи дека е „фрлање пари“, освен ако не можат да ги доделат договорите на компанија што ја контролираат за да заработат од проектите.
Која е улогата на Миндич?
НАБУ наведе дека активностите на перењето пари биле под контрола на Миндич од зградата во улицата Хрушевски – каде што и Миндич и Зеленски имаат станови. На снимките се слуша и разговор меѓу Миндич и Галушченко, како и разговор каде Миндич договара исплати од 3 милиони долари во Швајцарија и 1 милион во Израел за купување куќа.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







