во ,

„Не дозволувајте болката да стане поголема“: Родителите од „Пулс“ со порака до судиите

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните институции дека очекуваат вистинска правда за настраданите.

„Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми, затоа што ако институциите продолжат да молчат, луѓето ќе ја изгубат вербата во системот. Исполнете ја вашата должност — не за нас, туку за нашите деца и за иднината на сите други,“ порачаа родителите на починатите.

Критика до Обвинителството и ултиматум

Пред зградата на Основниот суд, тие упатија критика до Јавното обвинителство, тврдејќи дека институцијата не реагирала иако уште пред три недели им биле доставени докази дека осомничено лице се сретнало со оштетен родител. Тие сметаат дека ова носи реална опасност да се влијае врз сведоците и да се загрози целата постапка. Родителите најавија дека очекуваат јасен одговор во рок од една недела, во спротивно ќе преземат „посилни јавни и организирани акции“.

Судењето закажано за 19 ноември во Идризово

Првото судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи на 19 ноември. Поради големиот број обвинети – 34 физички и три правни лица – рочиштето ќе се одржи во судницата во КПУ Идризово. Во пожарот што се случи на 16 март годинава, загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Папките и ќесињата се историја!“ – Алиу најави револуција со вештачка интелигенција во здравството

„Дали се лета или се вози?“: Авион „заглави“ во сообраќајниот метеж во Букурешт!