
Новата микродржава, која е предвидена на површина од само 10 хектари (приближно колку четвртина од Ватикан), треба да има сопствена администрација, пасоши и граници. За разлика од традиционалните исламски центри, новата бекташка држава најавува комплетна слобода: дозволено консумирање алкохол, слободен стил на облекување и нула наметнување на правила за животот, одразувајќи ја либералната суфиска традиција.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден

Американско влијание и дипломатска „мека моќ“
Со оглед на тоа што зад проектот јавно застанаа САД, во меѓународните кругови се отвора клучното прашање: Дали Вашингтон се обидува да протурка „умерен ислам“ како противтежа на радикалните струи и затегнатите односи со нафтените гиганти од Блискиот Исток? Создавањето прозападен, толерантен исламски центар на тлото на НАТО-членка како Албанија совршено се вклопува во западната дипломатија. Грчкиот аналитичар Никос Арванитис додава дека Рама вешто го користи ова како инструмент на „мека моќ“ за зголемување на сопствениот дипломатски капитал.
„Ватикан е производ на вековен развој. Затоа е попрецизно да зборуваме за верска микродржава или експеримент по примерот на Суверениот Малтешки ред. Тежината на овој проект не е во хектарите, туку во идејата што ја претставува,“ истакнува Зијад Беќировиќ, директор на ИФИМЕС.
Внатрешен хаос и револт кај Бекташите

Сепак, проектот отвора сериозни парадокси и прашањето кој ѝ даде право на Тирана да говори во името на сите Бекташи во светот. Од вкупно 20 милиони припадници на овој ред, дури 12,5 милиони живеат во Турција, додека во самата Албанија ги има само околу 115.000. Дел од бекташките авторитети во Турција и на Балканот веќе отворено го одбиваат проектот, предупредувајќи дека оваа држава нема да ги обедини верниците, туку само ќе ги продлабочи и институционализира веќе постоечките поделби.


