
Грција најави нов, автоматски систем за контрола на сообраќајни прекршоци кој нема да им дозволи на странците да ја напуштат земјата ако имаат неплатена казна.
Грчкото Министерство за дигитална управа најави воведување нов систем кој директно ќе ја поврзе сообраќајната полиција со царината. Тоа значи дека штом ќе пристигнете на граница, системот автоматски ќе ги прикаже сите неплатени казни за сообраќајни прекршоци во Грција, објави Никана.гр.
Сметката ве чека на граница
Без разлика дали ве запрела полиција и ви напишала казна, или ве снимиле новите сообраќајни камери како правите прекршок (дури и ако не сте свесни за тоа), на граница ќе ве чека сметката. Ако, на пример, ве сними камера во Солун, во истиот миг казната ќе биде регистрирана на граничниот премин, пред вие да пристигнете таму. Мерката се применува автоматски, блокирајќи го излезот од земјата додека долгот не се плати.
Причина: Грција губи 70 милиони евра годишно
Оваа новина, според грчките власти, е неопходна бидејќи годишно се пишуваат сообраќајни казни во вредност од 100 до 110 милиони евра, а се наплаќаат само 40 милиони евра. Целта е да се зголеми наплатата и безбедноста во сообраќајот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







