
Зошто се менува терминологијата?
Според ставот на американскиот претседател, зборот „вештачка“ ги потценува и ги намалува вистинските моќи и можности што оваа технологија ги нуди. Со новата одредба, акронимот SI за „суперинтелигенција“ мора задолжително да се користи во сите официјални владини документи, јавни изјави и материјали на федералните агенции.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден
Трамп истакна дека Соединетите Држави имаат значајна предност пред останатите земји во светот, вклучително и Кина, нагласувајќи ја поддршката за оваа гранка:
„Имаме голема предност и ќе ја задржиме. Тоа е многу позитивна работа. Станува збор за неверојатна индустрија“, изјави Трамп.
Средба со водечките технолошки лидери
Пред потпишувањето на извршната наредба, во Белата куќа се одржа значајна средба на која претседателот разговараше со врвни имиња од технолошкиот сектор, меѓу кои беа присутни Илон Маск и Марк Цукерберг.
На состанокот било потврдено дека водечките компании се согласиле на доброволен договор кој предвидува спроведување на редовни внатрешни и надворешни безбедносни проверки на напредните интелигентни системи.


