во

Нина Бадриќ со емоции на сцена: „Љубовта на Скопје ме лекува“

Хрватската поп дива, Нина Бадриќ, одржа уште еден емотивен концерт во Скопје, каде што ја освои публиката со нејзиниот моќен глас и искрени емоции. На сцената во Македонската филхармонија, облечена во елегантна црна тоалета, таа исполни стари и нови хитови, а секоја песна беше дочекана со огромен аплауз од преполната сала.

Супер Попуст -25%

На средината на концертот, Нина не успеа да ги задржи солзите, препуштајќи се на чувствата кои ги разбуди скопската публика. Во тој момент, таа изјави: „Скопје треба да се препише на рецепт. Вашата љубов ме лекува, поради неа сум жива.“

Бадриќ, која е редовен гостин во Скопје, замина опсипана со љубов и искрени реакции од своите фанови, кои секогаш знаат да ѝ возвратат на харизмата и топлината што ја носи со себе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кирил Лазаров го објави поширокиот список на играчи за дуелите со Естонија и Литванија

Малата Лена, ќерката на Исаура од „Преспав“ и Петар Стојанов, го прослави првиот роденден