
Новата експанзија за The Sims 4 носи сосема поинаква атмосфера во играта, свет исполнет со благороднички титули, дворски интриги и скандали. Додатокот со наслов Royalty & Legacy ги носи играчите во раскошна средина на високо општество, каде што баловите, угледот и тајните можат целосно да го променат животот на секој Sim.
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Инспирирана од популарните историски драми, експанзијата воведува нов механизам на скандали. Ако вашиот лик крие тајни како афери или деца надвор од брак, гласините можат брзо да се рашират меѓу другите Sim-ови и да предизвикаат вистинска дворска драма. Таквите ситуации директно влијаат на угледот, кариерата и односите, а во некои случаи отвораат и можност за уцени или политички игри во општеството.
Нова кариера во благородништвото
Играчите добиваат можност да започнат кариера поврзана со благородништвото. Во рамките на оваа патека, Sim-овите можат да се занимаваат со мечување, управување со дворските активности и одржување на кралската пошта.
Покрај тоа, играчите можат да создадат семеен грб, да ги дефинираат вредностите на својата лоза и да назначат наследници. Системот овозможува детално управување со семејното дрво низ генерации, како и создавање сојузништва и ривалства кои го продлабочуваат популарниот „Legacy“ стил на игра.
Стари ривалства и нов магичен свет
OUT NOW! ⚔️ 👑 Let fate decide 😉 The Sims 4 #RoyaltyandLegacy pic.twitter.com/dPImG0jkg9
— The Sims (@TheSims) February 12, 2026
Експанзијата ги враќа и некои од најпознатите семејства од The Sims 2, како што се Монти и Кап, што им овозможува на играчите повторно да ги оживеат нивните легендарни ривалства во нова средина.
Покрај политичките интриги и семејните конфликти, додатокот носи и фантастични елементи како магични огледала, меч во каменот и бунар на желби. Сето тоа се одвива во нов свет наречен Ондарион, дизајниран да наликува на комбинација од бајковита монархија и драматична историска серија.
Новата експанзија Royalty & Legacy веќе е достапна на пазарот, со цена од 39,99 евра, и ветува многу нови приказни за играчите кои сакаат интриги, наследства и кралски скандали во светот на The Sims 4.


