
Поранешниот светски рекет број еден, Енди Родик, остро реагираше на неодамнешните изјави на Новак Ѓоковиќ за „монополите“ во тенисот, порачувајќи дека српскиот тенисер мора да биде поконкретен и појасен.
Во својот подкаст, Родик рече дека иако верува оти Ѓоковиќ е „добронамерен“, неговите пораки „немаат доволно правец“. „Ако веќе излегуваш со големи изјави, тогаш кажи ги јасно“, рече Американецот.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Потсетуваме, Ѓоковиќ неодамна во Ријад, на панел со Дејна Вајт и Шекил О’Нил, зборуваше за „децениски монопол“ во тенисот и за нееднаквоста во одлучувањето. Тој тогаш објасни дека токму затоа ја основал Асоцијацијата на професионални тенисери (ПТПА), која сè уште „нема место на масата каде се носат одлуките“.

„Кажи веќе на кого мислиш?“
Главната замерка на Родик се однесува на нејаснотијата во пораките на Ѓоковиќ. „Кога велиш ‘монопол’, на кого конкретно мислиш? На АТП, на Гренд слемовите, на ИТФ? Тоа го слушаме со години. Ајде конечно да слушнеме конкретно име“, порача Родик.
Американецот истакна дека ПТПА формално не е синдикат и дека токму тука лежи проблемот. „Ми беше кажано дека тоа не е синдикат. Па, во суштина е, но правно гледано – не е, и тоа е пречка ако сакаат вистинско влијание… Не можеш само да кажеш ‘ние сме ваш синдикат’. Така не функционира“, додаде тој.
Родик заклучи дека тенисот е полн со „празни слогани“, додека конкретните решенија и понатаму отсуствуваат. „Сите зборуваат за напредок, а никој не знае што точно значи тоа. Сè додека нема план, оние што имаат моќ само ќе ги одложуваат промените“, порача поранешниот шампион на Ју-Ес Опен.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден








