во ,

Обвинителот Јанев остро во судницата: ‘Кој молчеше додека Пулс стануваше смртоносна стапица?’

Обвинителот Борче Јанев со потресен говор за ‘Пулс’: „Не е важно само кој го запали огнот, туку кој имаше кофа вода, а не ја истури“

Во емотивен и остар воведен говор на почетокот на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“, обвинителот Борче Јанев побара конкретна одговорност со име и презиме за секој што дозволил, молчел и не го спречил кочанскиот пекол. Тој пред судот истакна дека општеството мора да се соочи со болната вистина: катастрофата не е резултат само на еден несреќен чин, туку на долгогодишна институционална негрижа која го претворила објектот во смртоносна стапица.

„Институционално зло“ и смртоносна стапица

Јанев беше дециден дека вината не може да се сведе само на моментот на палење на пиротехниката на 16 март 2025 година. „Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал кофа вода и не ја истурил“, рече тој, користејќи моќна метафора за системските пропусти. Според обвинителството, морничавите снимки кои го обиколија светот се само „завршниот и фатален чин на едно институционално, невидливо, а реално и многу присутно зло“. Недостигот од контрола и замижувањето пред неправилностите се вистинскиот фитил што ја предизвикал трагедијата.

Со објектот изгоре и илузијата за системот

Обвинителот нагласи дека таа ноќ не изгорел само еден објект, туку и илузијата дека системот постои за да ги штити граѓаните. „Изгоре и вербата дека оној што бил повикан постапил навреме да спречи. Затоа, за жал, изгоре и иднината на невини млади луѓе кои сакале само радост и забава“, додаде Јанев. Тој побара правда која нема да биде одмазда, туку логична последица на незаконитоста, инсистирајќи дека жртвите настрадале не само од огнениот вител, туку и од „вителот на долготрајна и институционална неодговорност“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Венко Филипче: ‘Нема таен договор, СДСМ им скрати 140.000 гласови на ВМРО-ДПМНЕ’