
Кинескиот „невидлив“ ѕвер полета: Први снимки од футуристичкиот дрон CH-7
Кина го крена превезот од својата најнова воена гордост. Државните медиуми за првпат објавија снимки од летот на стелт-дронот CH-7, тестиран на аеродромот Пученг. Леталото, кое има карактеристичен дизајн на „летечко крило“ (слично на американскиот B-2 бомбардер), е дизајнирано да биде невидливо за радарите, со скриен издувен канал и назабени рабови за намалена рефлексија.
Брзина од 930 км/ч и технологија за извоз што Западот ја нема
China’s CH-7 stealth combat drone has completed its first flight, marking the start of flight testing.pic.twitter.com/Z2l0NOyJ18
— Clash Report (@clashreport) December 15, 2025
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Овој дрон, развиен од корпорацијата CASC, има автономија од 15 часа и достигнува брзина од 930 км/ч. Иако примарно е наменет за извидување и шпионажа на непријателски територии (особено над Пацификот), тој може да носи и помало оружје. Она што го прави уникатен е планот за извоз – Кина планира да им го понуди на странски купувачи, пополнувајќи ја празнината на пазарот каде САД одбиваат да продаваат ваква напредна технологија.


