
Во Пештерата на мртвите деца (La Cueva de Los Muertos Chiquitos) во Мексико се пронајдени 10 примероци од измет стари меѓу 1.100 и 1.300 години.
Научниците ги искористиле најновите и најсофистицирани методи за да ги испитаат овие древни остатоци од човечки фекалии, со цел да добијат скапоцени информации за цревните паразити во минатото. Студијата е објавена во „PLOS One“, пишува Phys.org.
Повеќе од само измет – биолошка временска капсула
Познато е одамна дека ДНК од микроби преживува во примероците од столицата, но анализата на древниот измет била ограничена како поради деградацијата на ДНК со текот на времето, така и поради неразвиените методи за анализа.
Студијата идентификувала генетски потписи на низа цревни паразити. Многу од нив, вклучувајќи ја протозоата *Blastocystis* и повеќе соеви на бактеријата *E. coli*, никогаш претходно не биле откриени во древен измет. Некои патогени, вклучувајќи ја и малата детска глиста (*Enterobius vermicularis*), биле посебно распространети, присутни во повеќето примероци.

„Работењето со овие древни примероци беше како отворање на биолошка временска капсула, при што секој откриваше увид во човечкото здравје и секојдневниот живот од пред повеќе од илјада години“, рече Дру Капон од Универзитетот во Индијана.
Што ни кажува ова откритие?
Високата застапеност на цревни паразити во овој примерок може да укажува на тоа дека цревните инфекции и лошите санитарни услови биле вообичаени меѓу народот Лома Сан Габриел, кој живеел во регионот во тоа време.
Авторите напоменуваат дека ова е ограничена студија, но нуди доказ за концептот за користење на најсовремената ДНК анализа за идентификација на цревни паразити кај популациите од минатото. Фактот дека некои од овие патогени се специфични за луѓето, исто така, ги поддржува овие анализи како метод за разликување на човечкиот измет од отпадот на другите видови.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







