Ана Калинскаја го прозва Холгер Руне: „Ми праќаше пораки 10 пати, очаен е“, тој ѝ одговори веднаш.
Светот на тенисот е во вистинска љубовна драма, откако руската ѕвезда Ана Калинскаја (26), поранешна девојка на светскиот број 2 Јаник Синер, го прозва данскиот тенисер Холгер Руне (22), тврдејќи дека тој очајно ѝ праќал пораки на „инстаграм“ барајќи состанок „10 пати“. Руне веднаш ѝ возврати со остра порака на социјалните мрежи.
„Холгер Руне им пишува на сите, многу мисли за себе“
Во подкастот „First&Red“, на прашањето дали други тенисери се обиделе да ја поканат на состанок, Калинскаја директно го посочи Руне. „Некој ми пишуваше околу 10 пати, а потоа се откажа. Сега ќе кажам кој е тоа – Холгер Руне. Тој им пишува на сите. Многу мисли за себе. Можеби е само очаен, но не е единствен што ми пишувал“, изјави Калинскаја.
Оваа изјава веднаш предизвика бура во тениските кругови, а Руне брзо реагираше на социјалните мрежи.
„Ако сакам да излезам, ќе побарам состанок. Не грижи се.“
„Ха ха ха. Можеби имаме културни разлики поради кои Ана коментар на стори го чита како покана за состанок. Ако сакам да излезам на состанок, ќе побарам состанок. Не грижи се“, напиша Руне, исмевајќи ги тврдењата на Калинскаја.
По турбулентните врски, сега со финансиер
Калинскаја е позната по своите турбулентни врски со тенисери. Покрај со Јаник Синер, таа кратко време се забавуваше и со „лошото момче“ на тенисот, Ник Кирјос, кого подоцна јавно го нарече „лоша личност“ на Инстаграм. Сега, пак, се шпекулира дека е во врска со својот поранешен дечко, Томас Ферари, кој не е од тенискиот свет, туку работи во финансии.
Оваа драма помеѓу Калинскаја и Руне е уште еден доказ за интригите и „закулисните“ приказни кои го прават светот на тенисот не само спорт, туку и вистинско риалити шоу. Додека на терените течат пот и солзи, надвор од нив се играат љубовни игри и драми кои ја интересираат јавноста исто колку и најголемите спортски натпревари.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден -
Книгосаурус
699 ден
559.20 ден