
Тања Сантијаго (31) тежела неверојатни 266 килограми, но по серија лични трагедии – спонтан абортус и развод – решила целосно да го промени својот живот. Денес таа има 76 килограми, носи големина С и е во среќна врска со помлад маж.
„Јадев сè што ќе ми дојдеше при рака. Јадев огромни порции, како за семејство од шестмина“, признава Тања. Пресвртницата се случила во 2020 година, кога го изгубила бебето во третиот месец, без воопшто да знае дека е бремена. „Моето тело ја отфрлаше бременоста. Морав да земам пилула за абортус бидејќи бев претешка за да одам на операциона маса“, вели таа. Овој шок ја натерал да сфати дека мора да се менува.
Од 7XL до бодибилдинг
-
Хемија
699 ден
524.25 ден

По разводот во 2021 година, Тања почнала со пешачење и пливање, а брзата храна ја заменила со домашни оброци. За една година изгубила 108 килограми, но лекарите ѝ дијагностицирале замастен црн дроб и препорачале итен гастричен бајпас за да се спречи рак.
По операцијата во 2023 година и напорни тренинзи (6 дена неделно по 2 часа), Тања е непрепознатлива. „Најголемата големина што ја носев беше 7XL. Сега таа облека ја чувам како спомен“, вели таа. Нејзиното семејство било шокирано од промената – внука ѝ поминала покрај неа без да ја препознае.
Денес, Тања планира да стане онлајн тренер и бодибилдерка, а ужива и во љубовта со новиот партнер Габриел (27).


