
Сакате да слабеете здраво? Еве како изгледа дневно мени со 1.500 калории (Рецепти)
Доколку ја започнувате работната недела со одлука да го „исчистите“ организмот од празничната трпеза, нискокалоричната диета е чест избор. Целта е да се создаде калориски дефицит (околу 1.000 до 1.500 калории дневно) за телото да почне да ги топи масните наслаги. Но, тоа не значи дека треба да гладувате.
Пример за дневно мени (1.500 kcal):
- Појадок: Една шолја јогурт измешана со лажица путер од бадем, една праска (или овошје по избор) и цимет. Пијалок: Црно кафе без шеќер.
- Ужина 1: Едно парче сирење (или кашкавал) и шолја јагоди.
- Ручек: Сендвич од две парчиња леб од цело зрно, 85 гр туна, лажица диетален мајонез и домати. Прилог: Стапчиња од морков и целер. Пијалок: Вода.
- Ужина 2: Мала порција варено едамаме (соја) и шолја чај.
- Вечера: 85 гр печено тофу (или бело пилешко месо), шолја варен кафеав ориз и половина шолја варен зеленчук. Пијалок: Кисела вода.
Нутриционистите предупредуваат: „Телото памти сè“
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Нутриционистот Милка Раичевиќ советува дека жените не треба да одат под 1.500, а мажите под 2.000 калории дневно без стручен надзор. „Организмот е компјутер и сè памти. Ако сте држеле диета, па сте се вратиле на старо, следниот пат ќе ви треба многу повеќе време за да ги симнете килограмите“, предупредува таа.


