Светот го задржа здивот утрово откако Пакистан ОБЈАВИ дека Индија извршила серија НОЌНИ напади врз нивни воени бази, вклучително и локации во непосредна близина на главниот град Исламабад!
Како одговор, пакистанската армија ОФИЦИЈАЛНО започна МАСОВНА операција за одмазда под името „Бунџанун Марсус“ (Непробоен Ѕид)! Ракети се истрелуваат, цели се гаѓаат – дали сме сведоци на почеток на тотален конфликт меѓу две нуклеарни сили? Ситуацијата е КРАЈНО СЕРИОЗНА!
Пакистански обвинувања за индиска агресија
Портпаролот на пакистанската војска, генерал-потполковник Ахмед Шариф Чаудри, во драматично обраќање на државната телевизија соопшти дека индиски борбени авиони ги таргетирале базите Нур Кан, Шоркот и Мурид. „Сите ракети беа пресретнати и не предизвикаа значителна штета“, изјави Чаудри. Тој додаде дека индиските сили, наводно, лансирале ракети и беспилотни летала и кон Авганистан, тврдења кои Си-Ен-Ен не можеше независно да ги потврди и за кои побара коментар од индиските власти.
Започна операцијата „Бунџанун Марсус“ – пакистанска одмазда
Непосредно по овие обвинувања, пакистанската војска објави дека ја започнала одмаздничката операција „Бунџанун Марсус“, име преземено од Куранот што значи „непробоен ѕид“. „Пакистан одговара!!“, објави армијата на социјалните мрежи. Цели на операцијата, според пакистанските воени извори, биле клучни воени локации на индиската армија.
Тие тврдат дека е уништено складиште на суперсонични крстосувачки ракети „БраМос“ (заеднички развиени од Индија и Русија) во областа Бијас, а дека се погодени и индиските воздухопловни бази Патанкот и Удхампур.
„Во духот на принципот „око за око“, ги таргетиравме базите што Индијците ги користеа за да го нападнат Пакистан“, се вели во военото соопштение. Си-Ен-Ен не беше во можност независно да ги потврди овие информации за уништените цели.
Предупредувања и зголемена готовност
Веднаш по обвинувањата за индискиот напад, Владата на Пакистан на платформата X објави: „Индија сега мора да се подготви за одговорот на Пакистан“. Во пораката се додава дека пакистанските вооружени сили се „целосно подготвени да ја бранат татковината, воздушниот простор и националната безбедност“.
Државната телевизија, исто така, потврди дека официјално започнала воената одмазда и дека нападите се во тек, што укажува на сериозна ескалација на состојбата во регионот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден