во ,

Од Скопје до Охрид за само 90 минути: Мицкоски со порака до скептиците…

Со почетокот на градежните работи на новата автопатска делница Тетово–Гостивар, Македонија го зацврстува своето место на пан-европската мапа на поврзување.

Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од вицепремиерите и дел од амбасадорскиот корпус, денеска официјално го означи стартот на изградбата на овој стратешки инфраструктурен проект.

Купи Маица

Делницата од 17,5 километри ќе чини околу 90 милиони евра и ќе има шест сообраќајни ленти – по три во секоја насока, вклучувајќи и лента за застанување. Се предвидува изградба на девет натпатници и поврзување со клучните општини како Боговиње и Врапчиште. Рокот за завршување е две ипол години, а реализацијата се очекува да значително го скрати времето на патување кон Охрид и Струга.

Премиерот Мицкоски порача дека ова е јасен сигнал до скептиците – дека Владата не ветува напразно, туку реализира. „Стануваме клучна алка на НАТО во овој дел на Европа“, изјави тој, нагласувајќи ја важноста на Коридорот 8.

Изет Меџити, вицепремиерот за животна средина, истакна дека проектот носи економски и логистички придобивки за Полошкиот регион и ја зголемува атрактивноста за инвестиции. „Ќе нè мерите по километри, не по зборови“, додаде тој.

Министерот Александар Николоски информираше дека досега се експроприрани речиси 2.500 парцели и отворени се фронтови за изградба на три делници во рамки на коридорите 8 и 10д.

Претставникот на „Бехтел и Енка“, Џош Бејкер, најави дека веќе се извршени над 1,9 милиони кубни метри ископи и 22.000 кубни метри бетон. Очекувањата се дека ќе се прошири пристапот за градежни работи до над 50 километри до крајот на јуни.

Директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски, изјави дека од наследени информативни табли денес се преминува во реална работа на терен. Тој додаде дека до 2027 година ќе се патува од Скопје до Охрид за само час и половина.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Доктор откри зошто Вучиќ итно се вратил од САД: Имал силна болка во градите и многу висок притисок!

Од Аљаска до Гинис: Софија Ли, светот и неочекуваното искуство во Македонија