
„Која е хероината што го спаси животот на нашиот син? Овие прашања веќе некое време го мачат семејството Штауб од Германија.
Шест месеци по страшната несреќа на одморот од соништата во Мексико, семејството сè уште трага по непознатата жена, поради која малиот Оливер (2) е денес жив.
Оливер бил тешко повреден во сообраќајна несреќа, здобивајќи се со неколку скршеници на вратните пршлени, а неговото срце престанало да чука. Сè додека непознатиот спасител не интервенирал.
„Непознатата хероина под палмите“
Семејството Штауб не знае ништо за таа храбра хероина. Во неодамнешна објава на својот блог, таткото на Оли, Стефан, ја нарекол „непознатата хероина под палмите“.
Докторка или медицинска сестра поминала покрај местото на несреќата, како што објаснил таткото за РТЛ. „Не знаеме ништо – дали и таа била таму на одмор, колку години има. Мислам дека има околу 40“, рекол таткото. Но, и покрај целото нивно незнаење, на семејството му е јасно едно: без нејзината помош, малиот Оли денес не би бил со нив.
Во првите моменти по страшната несреќа на 17 април во Мексико, Стефан мислел дека неговиот син е мртов. Го извлекол од седиштето и го предал низ скршениот прозорец на еден маж. Стефан не можел многу да види потоа, бидејќи воздушните перничиња виселе од кровот. Но, го видел Оли како лежи на тревата под палмите, опкружен од службите за итна помош. Меѓу нив била и докторката по која трагаат. Таа и неговата роднина Ана почнале со реанимација.
Повеќе од само помош – спасување на мозокот
Бидејќи местото на несреќата било изолирано и на Брзата помош ѝ требало вечност да стигне, неговите роднини го однеле Оли во болница, а со нив била и непознатата докторка. Таа и Ана продолжиле со реанимацијата на момчето на задното седиште околу 10 до 15 минути, наизменично.
„Иако Оли не се освести, нивната реанимација овозможи мозокот на Оли да биде снабден со кислород без никакви оштетувања“, додал Стефан.
Во болницата, лекарите го презеле Оли и по уште 10-тина минути, срцето на Оли повторно почнало да чука. Меѓутоа, спасителката од местото на несреќата веќе исчезнала.

Апел: „Сакаме да ѝ се заблагодариме“
Опоравувањето на Оли било вистински ролеркостер – кома, срцеви застои, мозочни удари, операции и лекувања во САД. Бидејќи толку често бил во критична состојба, семејството дури сега може да трага по жената што му го спасила животот.
„Сакаме оваа посебна помошничка да знае дека Оли преживеа. Сакаме да ѝ се заблагодариме“, порачал таткото, испраќајќи апел преку својот блог со надеж дека ќе ја пронајде непознатата хероина.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







