во ,

Отпуштањата како знак на напредок: Дали вештачката интелигенција ќе нѐ остави без работа?

Вештачката интелигенција ги укинува работните места: Најголем удар врз младите

И покрај рекордната заработка, големите технолошки компании како „Мајкрософт“ масовно отпуштаат вработени. Ова отвора сериозни прашања за иднината на пазарот на трудот. Според анализите, вештачката интелигенција (ВИ) е главната причина за оваа промена. Компаниите веќе не само што работат поефикасно, туку и се подготвуваат за време кога голем дел од работните места веќе нема да постојат.

Веќе не станува збор само за ефикасност. Директорите на компаниите денес отпуштањата ги претставуваат како знак на напредок. „Фајненшл Тајмс“ наведува дека „Мајкрософт“ отпушти повеќе од 15.000 луѓе, иако профитот му е зголемен за 25 проценти. Слични примери има и кај други компании. „Интел“ и „БТ“ отпуштија илјадници вработени, директно поврзувајќи ги отпуштањата со вештачката интелигенција. Се истакнува дека во технолошката индустрија, приходот по вработен е нова престижна мерка.

Супер Летен Попуст

Стартап-акцелераторите промовираат идеја дека успешна компанија може да функционира со мал тим. Дури и коосновачот на „Опен АИ“, Сем Алтман, предвиде дека наскоро може да се појави компанија вредна милијарда долари управувана од само еден човек. Иако ова звучи футуристички, големите јазични модели веќе го менуваат пазарот на трудот, особено во канцелариските работи. Голем број позиции се укинати, бидејќи, според компаниите, „тие задачи повеќе не постојат“.

Затворање на вратите за младите: Како ВИ ги менува кариерните патеки

Оваа промена најмногу ги погодува младите. Аналитичарите предупредуваат дека исчезнуваат цели слоеви на пониски позиции. Со нив исчезнуваат и традиционалните патеки за кариерен развој. Први на удар се почетните работни места и практикантствата. Полека исчезнуваат и многу места во средниот менаџмент. Ова ја прави вредноста на универзитетските дипломи спорна. Кариерните патеки стануваат нелинеарни. Фриленсингот и краткорочните ангажмани стануваат сѐ почести, а вештачката интелигенција го забрзува овој тренд.

Иако намалувањето на работната сила може да ги намали трошоците, тоа може да ја направи компанијата помалку отпорна на кризи. Пример е шведската компанија „Кларна“, која ги отпушти вработените во корисничката поддршка. Потоа мораше да ги врати, бидејќи ВИ-системите не можеле да се справат со реалните интеракции. Ова покажува дека човечките квалитети како креативноста и емоционалната интелигенција сепак се незаменливи. Но, за да се искористат тие квалитети, треба да се инвестира во новата генерација, што моментално не се случува.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најевтин и најдобар лек за желудник: Откријте го рецептот на познатиот доктор

Карипски пасош за 200.000 долари: Дали е ова билетот за подобар живот?