во ,

Па каде си, љубов моја, те нема да се јавиш седум дена…

Седнуваат маж и жена во елитен ресторан на вечераат.

По извесно време во ресторанот влегува згодна девојка, се упатува кај мажот и му седнува во скутот:

– Па каде си, љубов моја, те нема да се јавиш седум дена, не си дојден не паметам од кога, кога ќе се видиме, јави ми се… станува и заминува.

Жената го прашува својот маж:

– Која ти е оваа?

Мажот мртов ладен одговара:

– Швалерката.

Жената шокирана:

– Ѓубре едно, зарем пред моите очи, утре барам развод!

А мажот:

– Во ред! Утре добиваш развод, но свати го следново, кога ќе се разведеш, нема летување во Грција, Шпанија, Египет, Хава, Кариби… нема зимување на Алпите, Копаоник… нема скапи коли, јахти, шопинг, вечера во скапи ресторани…

Жената замолчува.

По неколку минути во ресторанот влегува нивниот познајник, но не со својата сопруга туку со згодна млада девојка.

Кога го видела, жената го прашува својот маж:

– Која е оваа?

На тоа мажот одговара:

– Неговата швалерка.

А жената како од топ одговара:

– НАШАТА Е ПОУБАВА!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Море како папагалов зборвит?

Дедо попе, јас се лизнав, те молам прости ми ги гревовите…