во ,

Пензиониран фармер го исполни детскиот сон, сам изгради подморница од 7 метри

Во едно село во источна Кина, 60-годишен пензиониран фармер стана локална и меѓународна сензација благодарение на неверојатен подвиг.

Сосема сам, без формално образование по инженерство, тој изградил функционална подморница – способна да нурне под површината на реката.

За сите храбри борци

Пораснал во близина на реката Јангце

Жителот на провинцијата Анхуеј, Занг Шенгву, го здружил повеќедецениското искуство во столарство и заварување за да го оствари својот детски сон. Тој пораснал во близина на реката Јангце, каде со денови ги набљудувал товарните бродови.

Пресвртницата се случила во 2014 година, кога на телевизија гледал прилог за една подморница. „Сум видел дрвени и метални чамци, но никогаш нешто што може да нурне“, изјавил Занг за локалните медиуми.

Подморница од старо железо

Истата година, ја започнал изградбата на својата прва подморница. Со само 5.000 јуани (околу 600 евра), купил старо железо, мал мотор и батерија. Во текот на ноќните часови, конструирал подморница долга шест метри, тешка два тона. Иако можела да нурне едвај еден метар и имала проблеми со протекување, таа му дала доволно самодоверба за понатамошен развој.

Во втората генерација на подморницата, изработена во средината на 2025 година, Занг вложил 40.000 јуани (околу 4.800 евра). Ја нарекол „Големата Црна Риба“, бидејќи е долга седум, висока 1,8 метри и тешка дури пет тони.

Пронашол изгубена рибарска мрежа

Дизајнирана е за две лица, а се движи со брзина до 7 км/ч. Користи два резервоари за пловидба, додека дополнителна стабилност обезбедуваат два тона бетон во трупот. Во кабината се наоѓа осветлена контролна табла, а камера на телескопска „рака“ од пет метри овозможува преглед на речното дно пред нуркањето.

За време на тестирањето, Занг пронашол изгубена рибарска мрежа и за нејзиното враќање заработил 3.000 јуани (околу 360 евра), пренесува „Le Ravi“.

Сериозни безбедносни предизвици

Снимките од подморницата „Големата Црна Риба“ станаа вирални на кинеската платформа Douyin. Тие го прикажуваат темниот челичен труп како се лизга низ матната вода, предизвикувајќи восхит, но и загриженост за безбедноста. Експертите предупредуваат на сериозните ризици кај рачно изработените подморници, како што е отпорноста на трупот под притисок.

Семејството на Занг првично било загрижено, но тој истакнува: „Само кога ќе се обидете и ќе успеете, сфаќате за што навистина сте способни“. И покрај ризиците, Занг веќе планира нова, поголема подморница. За него, „Големата Црна Риба“ не е само хоби – таа е круна на годините напорна работа и самоучење.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вашиот интернет е во старт 40% побавен ако рутерот ви стои на ова место

Се обиде да убие лебарка со „огнефрлач“, па запали зграда и усмрти сосетка