Полицијата во Штип, во координирана акција, успеа да ги приведе осомничениот за убиството во кафуле и четворица негови помагачи. Сите пет лица се државјани на Република Турција. Инцидентот се случи кога беше пукано кон 25-годишниот Е.О., кој потоа почина во клиничката болница во Штип.
По извршувањето на делото, сторителот побегнал со возило. Полицијата веднаш презела мерки за негово пронаоѓање. Во акцијата бил користен и дрон. Осомничените биле лоцирани во близина на наплатната рампа Миладиновци.
Полициски службеници од СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција извршиле заедничка акција. Во 22:15 часот, запрено е патничко возило „бмв“ со штипски регистарски таблички. Во возилото биле А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28). За нив постои сомнение дека му помогнале на главниот осомничен, К.К.(21), да побегне од местото на настанот.
При запирањето, А.Х. се обидел да избега. Но, набрзо бил пронајден и лишен од слобода. Осомничениот за убиството, К.К., исто така бил лоциран и приведен во близина на наплатната рампа.
Сите пет лица се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавниот обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден