
Алармантни наоди на ДЗР: Недостиг на кадар и застарена опрема
Во најновиот ревизорски извештај, ДЗР нотира недостаток од стручен кадар, застарена опрема и отсуство на сеопфатна стратегија за информациска безбедност во ПИОМ. Ревизорите утврдиле дека од предвидените 57 работни места во Секторот за информатика, биле пополнети само 17. Ситуацијата била уште покритична во Одделението за ИТ инфраструктура, каде работел само еден службеник од предвидените 13.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Дополнително, констатиран е недостиг од безбедносни надградби, неажурирана антивирусна заштита и отсуство на одобрени планови за континуитет во работењето и обновување на системот во случај на катастрофи.
ПИОМ обвинува за лошо менаџирање во минатото, најавува модернизација
Реагирајќи на извештајот, од ПИОМ оценуваат дека констатираните состојби се последица на „недомаќинското, неодговорно и занемарено управување“ со институцијата во периодот до септември 2024 година.
Фондот информира дека во текот на 2025 и 2026 година се реализирани значајни инвестиции. Воспоставена е резервна инфраструктура за обновување на податоците на посебна локација, доекипиран е ИТ секторот, а до средината на 2026 година се заменети над 100 работни станици. За организациско и кадровско зајакнување, ПИОМ соработува и со Светската банка.
„Немало и нема компромитирање на вашите податоци. Податоците на граѓаните се сигурни, а Фондот презема сè за гарантирање на нивната доверливост, интегритет и достапност“, им порачаа од ПИОМ на пензионерите и осигурениците, додавајќи дека препораките на ДЗР се основа за понатамошно подобрување на безбедноста.


