во ,

По краткото затишје, од петок се враќа „потопот“ со над 25 литри дожд

Во нашата Република Македонија следува преодно стабилизирање на времето, но веќе од петок (7 ноември) нè очекува нов, силен влажен бран.

Од петок (7 ноември) па сè до понеделник (10 ноември) нашата Македонија ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот. Истиот ќе условува да имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи, како и со засилен јужен ветер.

И Скопје ќе биде погодено

И во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни, со услови за појава на грмежи, како и со засилен ветер од јужен правец.

Над 25 литри дожд

Локално, за време на овој влажен воздушен бран, ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени, што е релативно топло за овој период.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 5 НОЕМВРИ:Шкорпијата ќе каже сè што мисли, лавот добива добри вести за кариерата

Трагедија во Тузла: 11 неподвижни штитеници изгореа живи во домот