Неодамна пишувавме дека во крајбрежните делови на Хрватска и Италија се прошири опасниот инсект – ориенталниот стршлен (Vespa orientalis), чии природни живеалишта се Африка, Блискиот Исток и јужниот Медитеран.
Локалните експерти предупредуваат дека нивното присуство, додека освојуваат нови подрачја, значи дека се работи за инвазивен вид кој се заканува на еколошкиот систем, но и на јавното здравје.
Стршленот како голема закана
Слична загриженост сега е присутна и во Велика Британија, по информациите дека примероци од азискиот стршлен (Vespa velutina) се забележани во Северна Ирска. Овие опасни инсекти, кои ги уништуваат домашните пчели и предизвикуваат сериозни алергиски реакции кај луѓето, достигнуваат должина од околу 2,5 сантиметри, имаат многу силен отров, а убодот може да биде смртоносен за одредени категории на луѓе. Препознатливи се по нивните светло жолти краеви на нозете и портокаловото лице.
„Директна закана“
Министерот за животна средина, Ендрју Мур, апелираше до граѓаните да бидат претпазливи и да ја користат апликацијата „Asian Hornet Watch“ за веднаш да пријават каков било сомнеж. „Овој вид не смее да се вкорени овде. Тој е директна закана за нашите опрашувачи и за целокупниот биодиверзитет“, рече тој.
Официјалните лица потврдија дека постојат индикации за присуство на барем едно гнездо во Дандоналд, источно предградие на Белфаст, додека Министерството за земјоделство и заштита на животната средина работи на негово лоцирање и отстранување.
Уништени над 245 гнезда
На граѓаните им е строго забрането сами да се обидуваат да ги отстранат гнездата. Инаку, од првото појавување во Велика Британија во 2016 година, до денес се уништени над 245 гнезда, најмногу во јужните делови на земјата.
Еколозите предупредуваат дека азискиот стршлен има разорен ефект врз популацијата на домашните пчели и оси, кои играат клучна улога во опрашувањето. „Само една дојавена појава може да направи разлика“, порачува Кристофер О’Саливан, министер од Република Ирска. Властите на двете земји вложуваат големи напори во борбата против овие „летечки монструми“, а истакнуваат дека помошта од граѓаните е клучна.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден