
Американската компанија „Блу ориџин“, во сопственост на Џеф Безос, вчера успешно ја лансираше својата џиновска ракета „Њу Глен“ од вселенската станица Кејп Канаверал, во клучна мисија кон Марс.
Целта на мисијата е да се испратат два сателити на НАСА, познати како „Синиот“ и „Златниот“, кон Црвената планета. Сателитите беа изградени во „Рокет лаб“ со инструменти од Универзитетот „Беркли“.
Повеќе од само лансирање: Прво успешно слетување на бустерот
Меѓу клучните цели на мисијата беше и успешното враќање на првиот етапен засилувач (бустер) на ракетата. Бустерот, наречен „Никогаш не кажувај ми ги шансите“ (Never tell me the odds), успешно слета на платформата „Џеклин“ во Атлантскиот Океан.
Ова е огромен успех за компанијата, бидејќи на својот прв лет во јануари, „Њу Глен“ иако влезе во орбитата, не успеа успешно да го приземји бустерот. „Њу Глен“, именувана по астронаутот Џон Глен, е дизајнирана како делумно повеќекратна ракета, слично на „Фалкон 9“ на „Спејс Икс“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







