Земјотрес со јачина од речиси 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандово.
Оваа информација ја соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според нивните податоци, земјотресот не предизвикал материјална штета, но бил почувствуван од населението.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, денеска во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово,“ се вели во соопштението.
Епицентарот бил на 123 километри југоисточно од Скопје. Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од ML2.9. Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и во блиската околина. Интензитетот бил од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Да потсетиме, пред околу две недели, беше почувствуван и земјотрес во Охрид, Струга и во блиската околина. Тогаш, интензитетот беше од 4 степени според Европската макросеизмичка скала.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден