
Враќање на стрелките и значително пократки денови
Оваа промена за повеќето луѓе значи еден час подолго спиење во недела наутро, но истовремено носи и порано стемнување во попладневните часови, што ќе се почувствува уште од првиот ден.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Статистиката за зајдисонцето јасно ја покажува разликата: во сабота (24 октомври) сонцето ќе зајде во 17:39 часот, додека веќе во недела, по враќањето на стрелките, зајдисонцето ќе биде во 16:37 часот. Целосно стемнување во недела ќе имаме околу 18:11 часот. Во неделите што следуваат, деновите дополнително ќе се скратуваат сè до официјалниот почеток на зимата.
Влијание врз биолошкиот часовник и здравјето
Иако дополнителниот час за спиење звучи примамливо, на човечкиот организам често му е потребно време за да се приспособи на новиот дневен ритам. Нарушувањето на природниот биолошки часовник може да предизвика привремен замор, дневна поспаност и потешкотии со концентрацијата.
Лекарите особено предупредуваат дека постарите лица и луѓето со хронични заболувања треба да бидат повнимателни. Кај лицата со срцеви заболувања е од клучно значење редовно да се зема пропишаната терапија и да не се менува времето на нејзиното примање без претходна консултација со лекар.
„За полесно да ја поминете промената, обидете се да легнувате и да станувате во приближно исто време секој ден. Поминувајте повеќе време на дневна светлина, движете се редовно и избегнувајте кафе и пијалаци со кофеин во доцните вечерни часови за да му дадете време на телото да се приспособи“, советуваат медицинските експерти.


