
КОЧАНСКИТЕ гробишта се шират поради големиот број загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Жртвите од трагедијата ќе бидат погребани на посебен дел од градските гробишта во Кочани.
Супер Попуст -25%
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Британската новинска агенција Ројтерс објави снимка. На неа од птичја перспектива се гледа ископувањето на гробовите. Во нив ќе бидат погребани жртвите од пожарот во Кочани.
Во пожарот кој ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани во ноќта меѓу 15 и 16 март, загинаа 59 млади лица. Главно на возраст меѓу 14 и 25 години. Повредени се над 150 луѓе.


