Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје.
Тој го усмртил пешакот на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегазил, мотоциклистот избегал од местото на несреќата. Оваа информација денеска ја потврди Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека денеска во полициска станица е извршен службен разговор. Разговорот е со 25-годишниот Ф.Љ. од Скопје. Тој на 1 јули, околу 19:30 часот, на пешачка патека во близина на улицата „Ленинова“ во Скопје, управувал мотоцикл „кавасаки“.
Со мотоциклот удрил во 68-годишниот пешак Ј.Н. од Скопје, по што веднаш го напуштил местото. Од здобиените тешки повреди, пешакот Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Денеска Ф.Љ. е лишен од слобода. По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка,“ соопшти МВР.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден