во

Прво големо интервју на Вучиќ по изборите: Ќе ме изнесат во ковчег, милион луѓе ќе излезат на улица

Во своето прво големо телевизиско интервју по неодамнешниот изборен пораз во Србија, лидерот на СНС Александар Вучиќ упати драматични пораки, зборувајќи за затвор, евентуален штрајк со глад и протести на кои би излегле милион луѓе.

Подготвен на затвор и штрајк со глад

Гостувајќи во повеќечасовно интервју на „Информер ТВ“, Вучиќ истакна дека нема да се откаже од политичката борба и дека не се плаши од евентуални кривични постапки. Најдраматичниот момент беше неговото излагање околу можното апсење.

Супер Попуст -25%

„Не се плашам од затвор. Уште само да можам како човек да спијам по 12 часа и цел ден да пишувам. Барам секое евентуално судење да биде директно пренесувано, инаку ќе почнам штрајк со глад од кој нема отстапување. Ако влезам во тоа, тогаш сум одлучил да го дадам својот живот. Тогаш би морале да го изнесат ковчегот до гробиштата, а милион луѓе на улиците би ги прегазиле“, порача Вучиќ.

Критики кон новата власт и најава за посета од Орбан

Вучиќ призна дека тешко го поднел поразот и дека во студиото дошол со „грутка во грлото“, но веднаш ги обвини новите власти дека за само пет дена успеале да го срушат владеењето на правото и институциите градени со години. Тој посочи дека новата власт спроведува политички прогон и одмазда преку полициски интервенции во просториите на СНС и најавени кадровски чистки во правосудството.

За време на интервјуто, тој најави и доаѓање на унгарскиот премиер Виктор Орбан во приватна посета на домот на неговиот татко, претставувајќи го унгарскиот лидер како пример за политичар кој успеал да се врати на власт по изборен пораз. Во тој контекст, Вучиќ посочи дека политичката ситуација би можела да се промени до 2028 година, иако самиот тој немал план лично да се врати на власт, туку да ја продолжи опозициската борба преку обединетата СНС.

„Луѓе, одиме заедно, не можат сите да нè убијат. Ако некој страда, ќе гледам јас да бидам прв. Човек кој е подготвен да страда не можете да го победите“, истакна поранешниот претседател.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Засилени безбедносни мерки во Франција: 70.000 полицајци на улиците поради страв од нови судири

Грција ги продолжува субвенциите за гориво за греење: Опозицијата обвинува дека мерките се само привремено гаснење на пожарот