во , ,

Приведен е легендарниот Дејан Савиќевиќ!

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савиќевиќ, бил приведен од страна на полицијата.

Своевремено еден од најдобрите играчи на планетата и ѕвезда на Црвена ѕвезда и Милан, бил приведен поради повеќе сообраќајни прекршоци. Тој потоа бил предаден на судија за прекршоци. Осуден е на парична казна, потврдено е за Порталот РТЦГ.

Откако му била изречена казната, Савиќевиќ бил пуштен на слобода. Тој не одговорил на прашањата на новинарите на Порталот РТЦГ во врска со овој настан. Тој бил изведен пред суд по прекршочна пријава од полицијата во Херцег Нови.

Пријавата била поради пребрзо возење и престигнување на полна линија. Како што дознаваат колегите од РТЦГ, Савиќевиќ одбил да направи и алко-тест. Медиумите во регионот потсетуваат дека тој и претходно бил осудуван за слични сообраќајни прекршоци. Да потсетиме, Дејан Савиќевиќ неодамна доби нов четиригодишен мандат на чело на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Орце Ѓорѓиевски: Од претседател на Унијата на млади сили до кандидат за татко на главниот град

Откриен древен град во Перу стар 3.500 години, дава одговори за најстарата цивилизација